Дома Фудбал Англија Венгер не отстапува: Во Арсенал ништо нема да се менува

Венгер не отстапува: Во Арсенал ништо нема да се менува

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер најави дека и натаму ќе продолжи со ротацијата на играчи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Венгер е свесен дека неговиот тим има многу натпревари оваа сезона, па се одлучи за ротација. Така што едни ќе играат во лигата, па нема да играат во Лига Европа, и така во круг.

По победата на ВБА направи дури 9 промени за гостувањето на Бате Борисов во рамки на ЛЕ. „Топчиите“ славеа со 4:2, а брилијантен беше и Тео Волкот, кој конечно доби шанса да игра од самиот старт на мечот.

Вилшер и Волкот покажаа дека се подготвени. Ова е тој систем на ротација, тој нуди можност сите да покажат колку вредат и да бидат сите здрави и подготвени“, истакна Венгер.

„Позитивно е што имам 20 играчи за избор. Негативен е податокот дека некои играчи кои заслужуваат да играат, не можат принудно да играат во следниот меч. Но, во секој случај продолжувам со ротацијата“, потврди Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Џака нема да оди во Челзи

Потенцијалниот трансфер на капитенот на Швајцарија и Сандерленд, Гранит Џака, во Челзи нем…