Дома Трансфер зона Венгер го договори првото засилување

Венгер го договори првото засилување

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е блиску да го договори првото засилување во зимскиот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми.

Станува збор за центрачниот дефанзивец на Јанина, Костантинос Мавропанос. Грчките медиуми тврдат дека во моментов 20-годишниот стопер е во Лондон за да го комплетира трансферот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Скај Спорт“ потврди дека преговорите се во напредна фаза и дека недостасуваат само детали, а трансферот ќе ги чини „топџиите“ 2,2 милиони фунти.

Меѓутоа, Мавропанос нема да настапува за Арсенал оваа сезона, туку ќе биде испратен на позајмица во Вердер Бремен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Познат фаворитот за потписот на Зиркзе

Ѕвездата на Болоња и холандски репрезентативец Џошуа Зиркзе е на мета на многу клубов…