Дома Трансфер зона Уште една ѕвезда на Арсенал ги пакува куферите

Уште една ѕвезда на Арсенал ги пакува куферите

venger

Алексис Санчез шест месеци пред истекот на договорот со Арсенал замина на пат кон Манчестер Јунајтед, кој во спротивна насока го испрати Хенрик Михтаријан.

„Топчиите“ можеа да останат без никакво дополнување, Чилеанецот беше јасен дека нема да го продолжи договорот, а налето без проблеми би нашол нов ангажман, како што Сити беше подготвен да му понуди одличен договор.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Ѓаволите“ сепак беа побрзи, Арсенал ја прифати нивната понуда, Михтаријан го облече дресот на тимот од Северен Лондон, додека Чилеанецот заврши на „Олд Трафорд“.

Арсенал во тековната сезона влезе со четири играчи на кои договорот им истекува на крајот од истата. Чембрлејн уште летово го продадоа во Ливерпул, за Санчез го добија Михтаријан, Озил го убедија да остане, додека со Вилшер се уште не е пронајден заеднички јазик, со оглед на тоа дека сакаат да му ги намалат приходите.

Така, англискиот репрезентативец би можел да го напушти „Емирати“ следното лето без обештетување, а Арсенал во новите проблеми ќе се најде и поради Арон Ремзи.

Велшанецот има договор до летото 2019. година, а како што стојат работите не планира да го продолжи.

Така, следното лето би можел да го напушти клубот, доколку Арсенал сака нешто да заработи на неговата продажба, а доколку тоа не се случи, останува зимото каде нема да можат да сметаат на толку добра заработка.

Во спротивно, Ремзи ќе замине следното лето, а Арсенал тоа нема да може да го спречи и притоа нема да добие ништо за возврат.

Четата на Арсен Венгер веќе втора сезона по ред не нуди задоволувачки партии, тоа го покажуваат и резултатите, минатата година беше освоен само ФА Купот, останаа без Лигата на шампионите, а оваа сезона имаат шанса да се доближат до елитното натпреватрување само преку Лига Европа, каде за ривал во осминафиналната фаза го имаат тимот на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гиљермо Очоа наредната сезона ќе брани во нов клуб

Во текот на актуелната сезоната Салернитана промени три тренери, но и понатаму се мачи со …