Македонија со победата над Косово обезбеди финале во Лига на нации и во дуел против Грузија ќе се бори за пласман на ЕП.
Свој коментар после натпреварот даде и стрелецот на вториот погодок за нашата селекција и еден од виновниците за голот на Косово, Даре Велковски.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тежок натпревар. Косово почна офанзивно. Го дадовме првиот гол, а потоа се случи онаа грешка помеѓу мене и Столе. Тука ми се свртеа 200 работи низ глава. Но, кога го дадов голот ми падна камен од срце, до крајот издржавме машки, имавме доста шанси за повеќе голови, но не погодивме. Останавме на висина на задачата и одигравме добар натпревар. Работата не е завршена, ни останува Грузија, натпревар за кој сите живееме и ќе дадеме се од себе да дојдеме до победа.“ – изјави Велковски после натпреварот.
Да потсетиме, Македонија финалниот натпревар против Грузија ќе го игра во гости на 12. ноември.