Дома Фудбал Вајналдум: Срамно е што се случува меѓу Куман и Барселона

Вајналдум: Срамно е што се случува меѓу Куман и Барселона

Жоржињо Вајналдум се смета за сигурно засилување на Барселона, па го критикуваше однесувањето на клубот кон тренерот Роналд Куман.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта откри дека Куман може да добие отказ, па неговата иднина на „Камп Ноу“ е неизвесна.

„Читам во медиумите што се случува помеѓу Барса и Куман. Тешко ми е да проценам бидејќи не ги познавам работите од внатре. Но, според мене е срамно што целата ситуација продолжува и тоа на ваков начин“, изјави Вајналдум.

„Не можам да негирам дека има контакт помеѓу нас. Но јас штотуку завршив со Ливерпул и има интерес од многу клубови. Се уште не е ништо одлучено околу мојот трансфер“, додаде Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со авионот на Бразил дома се вратил само еден фудбалер

По разочарувачката елиминација во осминафиналето на Светското првенство од Норвешка (2:1),…