Интер се вклучи во трката за потписот на играчот за врска на Ливерпул, Жоржињо Вајналдум.
Договорот на 30-годишниот Холанѓанец со „црвените“ истекува на крајот на сезоната и двете страни се уште не можат да најдат заеднички јазик околу продолжување на соработката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вајналдум веќе во јануари може да потпише преддоговор со друг клуб, а интерес за него покрај Интер покажуваат уште Барселона и Реал Мадрид.
Интер веќе започнал преговори со агентот на Холанѓанецот и му нуди договор до 2024 година. Притоа, „нероаѕурите“ се спремни да му понудат на Ливерпул 15 милиони евра за да го добијат играчот во јануари.