Mинатото лето откако му заврши договорот со Ливерпул, Вајналдум се пресели во ПСЖ како големо засилување.
Меѓутоа, во Париз работите не одеа според очекуваното, па Холанѓанецот може да си замине после само шест месеци.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега на Островот се појави информација дека Вајналдум може да се врати во Премиер лигата и тоа во редовите на Арсенал.
Холанѓанецот не добива голема минутажа во Париз, самиот призна дека не е среќен и сака да ја промени средината.
Артета е во потрага по квалитетен играч за врска, па Арсенал сака да го донесе на позајмица со право на откуп.
ПСЖ е спремен да го пушти, па медиумите се оптимисти дека трансферот ќе се реализира до затворањето на преодниот рок.