Дома Топ вести Вајналдум го напушта ПСЖ и ќе игра за клуб кој се бори за опстанок

Вајналдум го напушта ПСЖ и ќе игра за клуб кој се бори за опстанок

Жоржињо Вајналдум ова лето како слободен играч го напушти Ливерпул и потпиша за ПСЖ.

Холанѓанецот после неколку добри сезони се одлучи да го напушти Ливерпул затоа што сакаше нов предизвик во својата кариера, иако „црвените“ му нудеа нов договор тој ги одби.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вајналдум имаше неколку понуди и во игра беше и Барселона, но на крајот се одличи за ПСЖ.

Холанѓанецот не добива голема минутажа во Париз, самиот призна дека не е среќен и веќе размислува да ја промени средината.

Англиските медиуми пренесуваат дека во јануари би можел да се врати во Премиер лигата и да потпише за Њукасл.

Вајналдум токму во Њукасл ја доживеа својата фудбалска афирмација пред да се пресели во Ливерпул, а сега клубот има богати сопственици и нема да жали пари да го врати.

Агентот призна дека Њукасл испратил богата понуда, па останува да видиме дали Вајналдум е спремен да се пресели во клуб кој се бори за опстанок.

Коментари
  • Добри вести за Мурињо, се враќа Вајналдум

    Плејмејкерот на Рома, Жоржињо Вајналдум е блиску до враќање на терените, потврди самиот иг…
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…