Дома Македонски спорт Мак баскет Вајли потпишува за Будуќност: Доаѓам поблиску до Македонија, полека но сигурно станувам Балканец!

Вајли потпишува за Будуќност: Доаѓам поблиску до Македонија, полека но сигурно станувам Балканец!

Македонскиот репрезентативец ќе биде најголемото засилување за шампионот на Црна Гора

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Актуелниот македонски репрезентативец Џејкоб Вајли, во наредната сезона ќе игра за екипата на Будуќност од Подгорица.

Силното американско крило со македонски пасош, се согласил на условите кои пред него ги поставил најдобриот црногорски тим во последните две децении, па по играњето за Гран Канарија, а во вториот дел од сезоната и во екипата на Сарагоса, Џајли ќе го продолжи својот кошаркарски пат кон Црна Гора, поточно во Подгорица.

„Да, можам да кажам дека се завршени сите детали околу договорот. Во следната сезона ќе бидам поблиску до Македонија. Ќе играм за екипата на Будуќност од Подгорица. Видете, полека но сигурно станувам Балканец. Ми се допаѓа тоа“, изјави Вајли за интернет страницата на Кошаркарската федерација на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…