Дома Останати Вајлдер и Фјури заработија богатство од нивната трета борба

Вајлдер и Фјури заработија богатство од нивната трета борба

Тајсон Фјури во Лас Вегас го победи Деонтај Вајлдер со технички нокаут во 11. рунда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Британецот успеа да ја одбрани титулата светски шампион, за 11 рунди боксување против Вајлдер ќе заработи вистинско богатство, исто како и неговиот ривал. Ова беше нивна трета борба и втора победа на Фјури.

За нивната прва борба во 2018 година, Вајлдер заработи четири милиони долари, а Фјури милион помалку. Заработките во втората борба беа значително поголеми затоа што двата боксери заработија дури 25 милиони долари.

Според сегашниот договор, исплатата за оваа борба е подалена 60-40 за Фјури. Британецот може да смета на 30 милиони долари и 60% од заработката од ТВ правата. Вајлдер ќе добие 20 милиони долари и 40% од ТВ правата.

Од ТВ правата според она што го зборуваше организаторот би требало да има заработка околу 100 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…