Дома Останати Вајлдер е вистински ѕвер со заработени милиони, но причината поради која боксува е трогателна!

Вајлдер е вистински ѕвер со заработени милиони, но причината поради која боксува е трогателна!

Во ноќта која е пред нас ќе се ќе одржи еден од најисчекуваните бокс мечеви помеѓу Деонтај Вајлдер и Тајсон Фјури.

Пред овој меч се појави приказната за Вајлдер и тоа како станал боксер, а подоцна и светски шампион.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вајлдер на само 19 години станал татко, морал да го напушти факултетот и кошарката, а поради малата Наиеје на која и била дијагностицирана тешка болест влегол во рингот. И денес таа е неговата најголема сила и инспирација.

Вајлдер изгледа како вистински ѕвер, немилосрден кон противниците со скор од 39/40…Неверојатно е дека така груб борец влегол во боксот поради емотивна причина.

Во интервјуто пред борбата кое го даде за „Сан Онлајн“, Вајлдер откри дека неговата 13-годишна ќерка Наиеје е причината поради која влегол во боксот. На Наиеје пред нејзиното раѓање во 2005 година и било дијагностицирана болеста спин бифид (расцеп поради кој рбетниот мозок не може целосно да се затвор. Ова пореметување се појавува во 0.5-1 случаеви помеѓу 1.000 деца. Докторите на Вајлдер и неговата сопруга им соопштиле дека неговата ќерка многу веројатно никогаш нема да може да се движи.

„Бев студент, играв кошарка…Поради ќерката влегов во боксот и би го направил повторно тоа поради нејзе. Бев спремен на се за своето дете. Му ветив тогаш на мојот татко дека еден ден ќе станам светски шампион, дека ќе можам да ја издржувам и да се грижам за неа. Се погрижив тоа ветување и да го исполнам. Ме инсприраше и морав да ја променам насоката“, открива Вајлдер.

Наиеје израсна во вистинска лавица ги надмина сите лоши прогнози и научи да оди. Од најарна возраст е независна, а на родителите не им дозволувала да и помогнат дури и при облекувањето.

„Премногу сум горд на неа. Таа е како мене, се наследи од мене: силата, размислувањето, способноста да не се откажува. Направи толку многу работи што докторите сметаа дека не ќе може да ги прави…Па таа и оди! Неверојатна е. Таа е мојот мотив, поради неа сакам и понатаму да боксувам. Како да се храниме еден со друг“, порача Американецот кој се уште не размислува за пензија.

„Го изградив своето име со нокаутирање на други луѓе. Тоа е она што го правам и по што луѓето ме познаваат. Удирањето е она во што сум добар. Но, ако еден ден трепа да проповедам ќе го направам и тоа. Мојот татко беше свештеник, растев покрај религијата, ако добијам прилика ќе ја прифатам. Мотиватор сум, луѓето сакаат да ме слушаат и да ме следат. Ги инспирирам и верувам дека се може да се оствари ако напорно се работи“, смета борецот.

Деонтај Вајлдер во текот на кариерата заработи 12.3 милиони фунти и за крај истакна дека неговото семејство ќе му биде најголемата поддршка која ќе се бори за ВБЦ појасот во Лос Анџелес во „Стејплс Центарот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…