Шкендија денес го победи Вардар во Тетово со 1:0 и на тој натпревар беа забележани неколку инциденти.
Тренерот на Вардар, Александар Васоски после натпреварот се огласи на својот Фејсбук профил и остро ги нападна Тетовци нарекувајќи ги срам за македонскиот фудбал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ова ли е европска Шкендија??? Ова е срам за македонскиот фудбал. На пет опасни ситуации кога одиме во напад се слуша свирче од трибините, нашите застануваат мислејќи дека е офсајд. .. Гачевски „торпедиран со камења“ во второто полувреме. Се играше со еден фудбал цел натпревар… Го враќате фудбалот назад со децении, секогаш во Скопје сте дочекани коректно, влакно од глава не ви фали. Срамно и жално“, напиша Васоски на Фејсбук.