УЕФА сепак нема да ја користи ВАР технологијата во оваа сезона од ЛШ.
Така барем тврди претседателот на УЕФА Александер Чеферин, но најави дека од наредната сезона ВАР ќе биде составен дел од натпреварите во ЛШ и ЛЕ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„За сега планот е ВАР да се користи од наредната сезона, односно со првиот натпревар во сезоната, дуелот во Суперкупот.“ – изјави Чеферин и додаде:
„Много повеќе е проблематично да го внесете ВАР отколку што изгледа. Мора да покриеме голема територија и планот за сега е да тргнеме од наредната сезона. Ќе видиме што ќе биде, не сакам ништо 100% да зборувам.“
ВАР ова лето за прв пат беше користе и на Светското првенство. Во некои натпревари доста добро заврши работа, а се зборуваше дека УЕФА ќе го користи уште од оваа сезона во четвртфиналните натпревари во ЛШ.
Сепак, на тоа ќе почекаме до наредната сезона кога ќе започне револуција и во клубскиот фудбал.