Дома Македонски спорт Вардар 1961 со најголем ваучер од АМС помеѓу клубовите

Вардар 1961 со најголем ваучер од АМС помеѓу клубовите

АМС вчера ја објави листата на ваучери, а помеѓу клубовите и оваа година најголемиот ќе го добие Вардар 1961.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Актуелниот македонски шампион има најголемо бодување и на нивната сметка ќе „легнат“ 17.500.000 денари. Зад Вардар следи Еурофарм Пелистер со 16.500.000 денари, а трет е Металург. Овој ваучер за Металург доаѓа во моменти кога се бори со тешка финансиска криза поради која од ЕХФ доби суспензија за настап во европските и домашните натпреварувања. Металург ќе добие 12.000.000 денари.

Помеѓу фудбалските клубови Шкендија добива 10.850.000 денари, а на второто место се Шкупи и Струга Трим Лум со по 9.850.00.

Во кошарката МЗТ скопје добивса 12.300.000 денари, а Работнички 10.800 денари.

Ок Струмица доби најголем ваучер во одбојката (3.700.000 денари), додека ОК Вардар 2.300.000.

ЦЕЛАТА ЛИСТА НА ВАУЧЕРИ МОЖЕТЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ -ТУКА.

Фото: РК Вардар / Денис Дуковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …