Поради фактот дека голем дел од мечевите во фазата по групи од Лигата на шампионите се одложени, ЕХФ донесе одука сите екипи кои настапуваат во елитното натпреварување да бидат дел од елиминациската фаза.
Иако требаше само првите шест екипи да продолжат понатаму, Вардар повеќе нема потреба да стравува бидејќи со оваа одлука сигурно ќе игра во нокаут фазата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Осминафиналето ќе се одржи така што ќе се игра по шемата, првиот од група А со последниот од група Б. Второпласираните ќе се сретнат со екипите кои го освоиле седмото место, третиот игра против шестиот, а четвртопласираниот со тимот кој во групата ќе заврши како петти.
Единствена дилема е на кој начин ќе биде одреден распоредот во групите, ЕХФ донесе одлука до 26 февруари да се одиграат сите натпревари кои може да се одиграат, а одложените натпревари да се регистрираат со службен резултат но без бодови.
Фото: РК Вардар