Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар убедливо поразен во финалето од „Хумел купот“

Вардар убедливо поразен во финалето од „Хумел купот“

Македонскиот ракометен шампион Вардар убедливо беше поразен во финалето од „Хумел купот“ од домаќинот Магдебург (31:20).

Вардар одлично го започна мечот и имаше водство од 5:2, но и во целото прво полувреме, па на одмор ракометарите на Вујовиќ заминаа со само еден гол негатива 12:11.

Меѓутоа, играта на Вардар комплетно се сруши во вториот дел, а и Магдебург ја крена својата игра на повисоко ниво. Разликата постојано се зголемуваше и на крајот Вардар запиша убедлив пораз.

За најкорисен ракометар на турнирот прогласен е вардарецот Жереми Тото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Штип го славеше златото на Џорлев, шампионот веќе сонува сениорски врв

Марко Џорлев доби свечен пречек во Штип по кадетската светска титула во Полска. По петте п…