Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар се врати во Скопје, позитивниот член остана во Загреб

Вардар се врати во Скопје, позитивниот член остана во Загреб

Како што е познато од вчера Вардар нема да игра на Ф4 турнирот во СЕХА поради позитивен случај на коронавирус.

Од клубот денес информираа дека тимот е вратен во Скопје со исклучок на позитивниот член, кој е без симптоми. Тој останал во Загреб. Во понеделник ќе му биде направен нов тест и доколку истиот биде негативен ќе се врати во Скопје.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Клубот потенцира и дека биле спремни да играат со играчите кои ги имаат на располагање, но и тоа не им било дозволено.

„Иако РК Вардар1961 обезбеди место на Ф4 турнирот во СЕХА лигата во Задар, сепак екипата нема да се појави во полуфиналето. Таму требаше да игра со Мешков Брест.Извршниот комитет на СЕХА лигата донесе одлука Вардар да биде исклучен поради еден позитивен случај. Според епидемиолозите во Загреб позитивниот член ќе остане во изолација 10 дена. Другите членови на екипата кои се вакцинирани, но не се поминати 14 дена од моментот на појавата на позитивен случај треба да одат во 14 дневна изолација.Вардар беше подготвен да игра со оние играчи кои го има на располагање, но ниту за тоа не доби дозвола. Извршниот комитет донесе одлука Вардар да биде исклучен а на местото на Вардар во полуфиналето ќе игра екипата на ППД Загреб.Сите ракометари и стручниот штаб се вратија во Скопје, со исклучок на позитивниот член кој нема симптоми, но ќе остане во Загреб до понеделник и доколку има негативен тест се враќа дома.За Вардар ова требаше да биде 10. учество на Ф4 турнирите, со што влезе во историјата како единствен тим што учествувал на сите Ф4 турнири. Вардар останува посветен на остварување на своите цели во ЕХФ лигата на шампионите, домашното првенство и СЕХА лигата“, соопштија од Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…