Денес од 13:30 часот се играат натпреварите од 13-тото коло во македонсктоо прва лига.
Најголемо внимание привлекува натпреварот на лидерот Вардар кој на домашен терен во Скопје игра против Ренова и има прилика да се одлепи од Академија Пандев на пет бода.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
И во Вардар тешко може во ваква ситуација да посакаат противник кој повеќе им лежи. Имено, Вардар на последните 11 натпревари само еднаш не ја победил Ренова. Ренова во Скопје не знае за победа не знае скоро една деценија (од август 2010 година).
Во овој момент на табелата Вардар (27) има два бода повеќе Академија Пандев (25) која вчера одигра само реми со последниот тим на табелата
Во останатите натпревари Шкендија мотивирана после елиминирањето на Вардар во купот ќе игра дома против Борец, Силекс гостува во Ѓорче, додека Струга Трим Лум ќе игра во Чаир против Шкупи.