Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар пред дуелот со Рајн Некар: Не чека тежок и чуден натпревар!

Вардар пред дуелот со Рајн Некар: Не чека тежок и чуден натпревар!

Европскиот шампион Вардар в сабота во рамките на осмото коло во Лигата на шампионите ќе го пречека Рајн Некар.

Овој е дерби натпревар помеѓу лидерите на Групата А, двата тима немаат пораз, Вардар има 13, а германскиот шампион 11 бода.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не очекува тежок и чуден натпревар. Чуден поради тоа што Рајн Некар оваа сезона кога игра надвор секогаш во нападот игра ‘седум на шест’. Нашата одбрана треба да биде на високо ниво, но јас верувам во моите играчи. Рајн Некар е добар тим, а мене најмногу ме плаши Шмит. Многу натпревари сме играле кога противникот напаѓа со седум играчи. На почетокот кога Металург играше така ние бевме катастрофални, но малку по малку се подобривме. Сега сме добри и на Ф4 турнирот Барселона и ПСЖ играа така“, изјави Раул кој потврди дека дека поради играта што ја практикува Рајн Некар сите на тренинзите вежбаат шутеви преку цел терен.

„Рајн Некар претходната сезона непријатно нè изненади тука. Играат во топ-форма годинава, со топ-играчи во тимот и екипа која ја игра таа непријатна тактика ‘седум на шест’. Но, доколку сакаме да се доближиме до успехот од минатата, сезона мора да победиме на сите натпревари дома. Очекувам поддршка од навивачите, добра игра и наша победа“, изјави капитенот Стоилов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Барди: Во Шпанија ме споредуваа и со Меси!

Maкедонскиот репрезентативец Енис Барди кој настапува во дресот на Трабзонспор во интервју…