Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар „падна“ во Тетово, Шкендија во Велес

Вардар „падна“ во Тетово, Шкендија во Велес

Големите ривали и главни фаворити за титулата, Вардар и Шкендија дожовеаа порази на денешните гостувања кај Ренова, односно Борец.

Човекот кој му пресуди на Вардар во Тетово беше Арџент Гафури кој беше двоен стрелец и тоа од белата точка. Прво го совлада Гачевски во 6 минута, а потоа истото го потврди и во 62 минута.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шкендија не го искористи киксот на Вардар за да ја намали разликата и беше поразена на гости кај Борец. Домаќините после првите 45 минути имаа предност од 2:0 со головите на Радовиќ.

Во второто полувреме Борец продолжи со исти темпо, па до 78-та минута постигна уште два гола. На крајот Шкендија успеа во последните десетина минути да го ублажи поразот со головите на Алими (4:2)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија направи чекор назад на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација на најновата ФИФА ранг листа која ќе биде објавена н…