Дома Ракомет Вардар оваа сезона трет најгледан клуб во Европа!

Вардар оваа сезона трет најгледан клуб во Европа!

Вардаровите играчи пристигнаа во Келн за два дена започнува фајнал-фор турнирот во Келн на кој Вардар ќе ја брани титулата освоена минатата година.

Актуелниот шампион Вардар оваа сезона е трет најгледан клуб во Лигата на шампионите.

Во просек на натпреварите во Лигата на шампионите кои Вардар ги игра во Спортскиот центар „Јане Сандански“ присуствуваат 5.168 гледачи по натпревар.

Како што кажавме Вардар е трет по гледаноста а пред него се ППД Загреб и Кил.

Најгледен е германскиот Кил кој во својата „Шпаркасен Арена“ скоро секогаш игра пред полни трибини (просек од 9.387 гледачи). Втор на листата ППД Загреб кој и покрај скромните резултати во просек го гледаат 6.663 навивачи на трибините во „Арена Загреб“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Галевски со 13 одбрани го предводеше Алкалоид до бодовите кај Бутел

Алкалоид победи со 29-24 на гостувањето кај Бутел и стигна до седмата првенствена победа. …