Европската куќа на фудбалот ја објави листата на најдобри клубови кои настапувале во Лигата на шампионите и во претходниот формат на Европскиот куп.
Рангирањето е направено така што клубовите добивале два бода за секоја победа и еден за реми. Тука се вклучени и екипите кои играале квалификации.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од македонските клубови најдобро пласиран се Вардар кој има осум учества и рангиран на 149 место. Најголемиот успех Вардар го направи кога се пласираше во групната фаза од Лигата на Европа. Во квалификациите за ЛШ црвено-црните имаат одиграно 24 натпревари и учинок од пет победи, осум нерешени и 11 порази. На своето конто собраа 18 бода.
Работнички зад себе има четири учества и биланс од три победи, шест нерешени и пет порази (11 поени). Со тоа тие се најдоа на 188 позиција. Зад Работнички следи Шкендија која има три настапи и 10 одиграни натпревари, три победи, еден нерешен резултат и шест порази (седум бодови). Teтовски клуб се најде на 258. позиција.
Своет место на ранкингот имаат уште и Силекс (351), Победа (389), Македонија ЃП (480) и Ренова (489).
ПРВИТЕ 10 НА ЛИСТАТА: