Зад ракометниот тим на Вардар е бурна недела во која клубот го напуштија Павел Атман и Даинис Криштопанс, а денес тимот на Стевче Алушовски го очекува натпревар против Мотор Запорожје (17:30).
Од оние кои останаа Алушовски ќе го има најсилниот состав на располагање. Де Толедо е тука да се обиде да го замени Криштопанс, но ќе видиме колку е спремен по повредата. Единствен кој недостасува е Кристијан Дисингер кој повреден подолго време и него веројатно ќе го нема до крајот на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Коментари