Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар доживеа дебакл, Шкендија и „Пандевци“ искористија

Вардар доживеа дебакл, Шкендија и „Пандевци“ искористија

Вардар претрпе вистински дебакл на гостувањето во Тетово кај Ренова, пораз кој го искористија екипите на Шкендија и Академија Пандев.

Вардар загуби од Ренова со високи 4:0 што го чинеше губење на второто место на табелата, бидејќи екипата на Академија Пандев победи во градското дерби со Беласица со 1-0, со што „пандевци“ избија на второто место на табелата пред Вардар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шкендија иако одигра нерешено со Македонија ЃП 1-1, тетовци сега ја зголемија предноста во однос на вардарци на девет бодови.

Без победник 1-1 заврши и дуелот меѓу Работнички и Силекс, додека Шкупи убедливо со 3-0 ја совлада Победа.

Резултати
Ренова – Вардар 4:0
Македонија ЃП – Шкендија 1:1
Беласица – Академија Пандев 0:1
Шкупи – Победа 3:-0
Работнички – Силекс 1:1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…