Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави имињата клубовите кои добија директно место во групите од Лигата на шампионите за сезоната 2019/2020, а тука секако беше македонскиот и европски шампион Вардар.
„Црвено-црните” ќе играат во А или Б групата, кои според квалитетот се најсилни. На 27 јуни ќе биде извршена ждрепката кога ќе бидат и познати противниците.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Треба да се спомене дека уште две македонски екипи се пријавија за вајлд-карта за настап во елитното натпреварување, а тоа се Металург и Еурофарм Работник.
Македонските тимови ќе се борат со Нант, Шамбери, Кил, Пик Сегед и многу други за дополнтелно место во ЛШ, па останува да видиме дали ќе имаат среќа и тие да настапат во елитното натпреварување.
Фото: РК Вардар