Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар го продолжи рокот за купување на сезонски билети

Вардар го продолжи рокот за купување на сезонски билети

Ве информираме дека рокот за продажба на сезонските билети за натпреварите на РК Вардар1961 е продолжен за уште четири дена и ќе трае од денеска и недела, 26 септември 2021 година.

На барање на повеќемина навивачи кои побараа повторно да можат да купат сезонски билети за сите натпревари на Вардар им излегуваме во пресрет и истото ќе може да го сторат и следните денови. Потоа ќе продолжи повторно продажбата на поединечни билети за следните два домашни натпревари во ЕХФ лигата на шампионите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Продажбата на билетите ќе се врши:
Онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).

Цени на сезонските билети:
Блокови 1, 2 и 9:
Цена – 2.150 денари

Блокови 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 11, 12, 13, 14 и 15:
Цена – 2.600 денари

Блокови А2, А3, А5 и А6:
Цена – 3.050 денари

За натпреварите на домашен терен, салата во СЦ „Јане Сандански” ќе може да биде исполнет со максимално 30 отсто од капацитетот.

Повеќе информации за распоредот на натпревари можете да најдете на следниот линк
– https://rkvardar.mk/news/poznati-terminite-i-saatnicite-na-prvite-10-kola-od-lsh

По завршување на овој рок доколку има слободни билети ќе има и индивидуална продажба за секој поединечен меч од ЛШ и СЕХА лигата, за што дополнително ќе има известување.

Ќе бидат пуштени во продажба поединечни билети за следните два домашни натпревари против Алборг и Монпелје кои се на програмата на 29 септември и 13 октомври.

На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:
* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …