Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар го потврди трансферот на Толедо!

Вардар го потврди трансферот на Толедо!

Бразилскиот репрезентативец Хозе Толедо е најновото засилување за македонскиот и европски шампион Вардар.

Денеска на официјалната веб-страна беше потврден трансферот на Бразилецот Хозе Толедо, кој ќе му прави друштво на Даинис Криштопанс на десната бековска позиција.

Толедо во претходните две сезони беше член на Висла, висок е 193 см, додека во кариерата има освоено златен и сребрен медал на Пан Американските игри.

„Со ангажирањето на Толедо веруваме дека ќе имаме подобра бековска линија во Вардар. Очекуваме Толедо да ја искористи шансата и да ни покаже дека сме направиле одличен избор со неговото ангажирање“, изјавија од Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Пет злата за Олимпија во Тиволи, Андреа Нисева успешна и меѓу сениорките

Штипска Олимпија го заврши турнирот „Императоре Адријано“ со пет златни и еден бронзен мед…