Фудбалскиот клуб Вардар денес соопшти дека го разрешил од должност досегашниот шеф на стручниот штаб Бобан Бабунски, и тој повеќе нема да ги предводи „црвено – црните“.
Бабунски дојде на тренерското место во април оваа година на местото на Чедомир Јаневски, го предводеше тимот во финишот од минатата сезона, и во првиот квалификациски натпревар од Лигата на Европа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„На Бабунски му се заблагодаруваме на досегашната соработка, и му посакуваме многу успех во иднина“, соопштија од клубот.
Екипата против Пјуник ќе ја предводи досегашниот асистент тренер Александар Васоски, со истиот стручен штаб како до сега.
„По завршување на натпреварот во четврток, ФК Вардар ќе донесе одлука кој ќе ја предводи екипата во иднина“, додаваат од клубот.