Знаете што е најслатко!? Да те газат! Да ти скратат се што може да се скрати, да ти забрануваат, да те сопнуваат … и на крај да излезеш како победник. ВАРДАР!
И немаше да биде приказната толку бомбастична, ако Вардар не беше пред колапс. Уствари уште е пред колапс, ама си гази. Две сезони во Втора лига, со по некоја плата за фудбалерите, безпарица во буквална смисла.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тренинзи каде ќе се стигне – онаму каде што ќе ти се смилуваат. Значи еј, денес не можете да најдете фудбалери да играат без пари за некоја екипа. Тоа го може само Вардар.