Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Алборг

Вардар ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Алборг

Од денеска почнува продажбата на поединечните билети за вториот домашен натпревар од ЕХФ лигата на шампионите меѓу Вардар1961 и Алборг.

Средбата е закажана за среда, 29 септември со почеток во 18,45 часот во СЦ „Јане Сандански”.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дозволено е користење на 30 отсто од капацитетот на салата, до максимални 1.800 лица.

Продажбата на билетите ќе се врши:
Онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).

Цени по блокови:

Блок А2, А3,А5 и А6 – 450 ден.

Блок 3,4,5,6,7,8,11,12,13,14,15 и 16 – 400 ден.

Блок 1,2 и 9 – 350 ден

Продажба на билети (доколку останат слободни места) ќе има и пред самиот почеток на средбата, во среда од 17 часот на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” до 17 часот па се до почеток на средбата.

Оние што купиле сезонски билети, а не ги замениле со пластифицирани истото ќе може да ги сторат на продажното место на купикартиза се во ГТЦ во Скопје, или пред самиот почеток на средбата на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” во средат (29 септември)

На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:
* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Скандал: Ѓоковиќ удрен со шише во глава🎥

Голем скандал се случи на мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Корентин Муте на Мастерсот во Рим. Ср…