Францускиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Рафаел Варан за два дена ќе го игра еден од најголемите натпревари во својата кариерата – финалето на Светското првенство.
Варан секако со нетрпение го очекува големиот натпревар, а на својот Твитер профил објави фотографија од 1998 година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тогаш Французите прв и последен пат станаа светски шампиони кога во финалето во Париз го победија Бразил со 3:0.
Стоперот на „Галските петли“ тогаш имаше само пет години, а неговата фотографија од детството предизвика голем број коментари.
1998, un rêve devant ma télé… pic.twitter.com/a2GBvHNcfR
— Raphaël Varane (@raphaelvarane) July 13, 2018