Дома Трансфер зона Варан му соопшти на Реал: Заминувам!

Варан му соопшти на Реал: Заминувам!

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан и официјално му соопштил на раководството на клубот дека сака да ја промени средината, тврдат шпанските медиуми.

Враќањето на Зидан на клупата на „кралевите“ наводно не промени ништо во одлуката на 25-годишниот дефанзивец, кој освои се што може да се освои со шпанскиот гигант, па сега посакува нов предизвик надвор од Шпанија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познатата ТВ емисија „Чирингуито“ тврди дека Варан го известил раководството на „кралевите“ за своите намери, дека не е спремен да стави потпос на нов договор и дека донел одлука за заминување од „Сантиаго Бернабеу“.

Варан има важечки договор со „кралевите“ до јуни 2022 година, но по се изгледа дека Реал ова лето ќе мора да размислува за негова замена.

Шпанските медиуми пренесуваат дека најголема желба на „кралевите“ е дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали за кого се спремни да платат 100 милиони евра.

Реал нема намера да му стои на патот на Варан, но за неговата слобода ќе бара најмалку 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…