Дома Фудбал Англија Ван Дајк започна со тренинзи, може да се врати пред крајот на сезоната

Ван Дајк започна со тренинзи, може да се врати пред крајот на сезоната

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк започна со лесни тренинзи, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова е одлична вест за „црвените“ и му дава надеж на Јирген Клоп, дека столбот на одбраната може да се врати пред крајот на сезоната.

Холанѓанецот се здоби со повреда на коленото за време на градското дерби против Евертон и беше опериран во октомври.

Веќе започна со периодот на рехабилитација, првиот дел од програмата вклучува лесни тренинзи, а потоа ќе станат поинтензивни во зависност од самиот играч.

Ливерпул има големи проблеми со повреди во одбраната, па останува да видиме дали Ван Дајк ќе успее да се врати на терените пред крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…