Дома Фудбал Ван Дајк: Два дена не можев да спијам после поразот од Аргентина

Ван Дајк: Два дена не можев да спијам после поразот од Аргентина

Капитенот на холандската репрезентација, Вирџил ван Дајк призна дека се уште се чувствува лошо поради поразот од Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство.

„Лалињата“ беа поразени после изведување на пенали, откако после 120 минути игра резултатот беше 2:2.

„Не можев да спијам два дена после тој меч. Тоа разочарување беше логично. Бевме толку блиску, дури и откако примивме два гола. За жал не реализирав толку важен пенал. Многу ме боли, имав тешки ноќи“, изјави Ван Дајк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од хет-трикот во 1994 до баражот: Ѓуровски предупредува на посилен Кипар

Првиот репрезентативен хет-трик го постигна против Кипар, но Бошко Ѓуровски очекува неизве…