Холандија вчера славеше со 3-1 против САД и се пласира во четвртфинале на Мундијалот, каде што ќе игра против Аргентина која славеше со 2-1 против Австралија.
Во центар на внимание е фантастичниот напаѓач Коди Гакпо кој постигна три гола на Светското првенство во досегашниот дел и привлече интерес од многу гиганти.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Манчестер јунајтед долго време е заинтересиран за Гакпо и планира да го ангажира, но неговиот колега од репрезентацијата, Вирџил Ван Дајк сака да го предомисли.
Дефанзивецот на Ливерпул по победата против САД му препорача на Гакпо да не потпише за „црвените ѓаволи“.
Ван Дајк го советуваше Гакпо дека подобра дестинација за негов развој е Реал Мадрид, што без дилеми ќе ги налути навивачите на Јунајтед.