Дома Фудбал Останато Ван Гал: Гвардиола ми даваше инструкции додека беше играч!

Ван Гал: Гвардиола ми даваше инструкции додека беше играч!

Легендарниот холандски стратег, Луј ван Гал даде интересна изјава и се присети на периодот додека ја предводеше Барселона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ван Гал откри дека Пеп Гвардиола уште тогаш покажувал тренерски афинитети и му давал препораки каде да играат Стоичков и Фиго.

„Го направив Гвардиола капитен поради однесувањето за време на тренинзите. Ми се допаѓаше Пеп бидејќи тој зборуваше само за фудбал и тактика. За време на тренинзите тој идеше кај мене и ми велеше: „Фиго и Стоичков треба да останат по крилата за да можам да делам топки со затворени очи“, објаснува Ван Гал.

„Тој викеше по соиграчите цело време, сега кога е тренер го прави истото. Живее за фудбалот. Во моментив има само еден тренер кој практикува напаѓачки фудбал, а тоа е Пеп Гврадиола“, заклучи Холанѓанецот.

Ернесто Валверде се обидува, но не е како Гвардиола. Истото важи и за Клоп. Меѓутоа, тоа не значи ништо, бидејќи Манчестер Сити се уште не ја освоил Лигата на шампиони“, додаде Ван Гал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов срамен потег на Роналдо: Вакво нешто не се гледа секој ден (Видео)

Фудбалерите на Ал Наср го загубија финалето на Азиската лига на шампиони 2, каде што подоб…