Дома Топ вести Ванда Нара открива: Јувентус и Наполи испратија понуди за Икарди

Ванда Нара открива: Јувентус и Наполи испратија понуди за Икарди

Мауро Икарди важи за еден од најдобрите напаѓачи во Серија А и Европа, па готово секое лето се појавуваат шпекуалции за негово заминување од Интер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Неговата сопруга и агент Ванда Нара неодамна откри дека има понуди од неколку клубови, а сега ги откри и имињата на клубовите.

„Единствен контакт ова лето Мауро имаше со Јувентус. Им постигна седум голови и нормално дека ќе сакаат да го доведат. Неговата цел од стартот беше јасна, да остане во Интер. Јуве сакаше да го доведе, но потоа се свртеа кон Роналдо и тоа беше тоа“, изјави Ванда.

„Ја работам својата работа најдобро што знам и било кој клуб да ме контактира, на крајот добива одговор. Мауро секогаш ја има конечната одлука и не навлегувам премногу во тоа. Исто така, разговаравме со Наполи, но Мауро едноставно немаше никаква желба да отиде таму и немаше никаков личен контакт со нив“, додаде Ванда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…