Фантастичниот Аргентинец е пред потпис!
Мауро Икарди во тековната сезона постигна 18 погодоци и е втор стрелец во Серија А, а одличните настапи го привлече и вниманието на Реал Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Лос Бланкоси“ се во голема криза, посебно во нападот. Бензема и Роналдо не се на своето ниво, па клубот мора да бара нови решенија.
Како што е познато во Мадрид вообичаено го добиваат она што го посакуваат, па поради тоа во Интер побрзааа Икарди да добие нов договор.
Она што беше најавувано сега и се спроверува, а според последните информации од Италија секој момент се очекува сопругата на Икарди, Ванда која е и негов агент да седне на маса и да започне преговори за нов договор.
Аргентинецот во овој момент заработува 4.5 милиони евра годишно, а со новиот се очекува да одибе покачување на седум милиони, со што ќе стане еден од најплатените фудбалери на „Чизмата“.
Новиот договор во клубот би требало да го задржи до 2022 или 2023 година, доколку ниту еден клуб не се реши да ја плати клазулата која се очекува да изнесува 200 милиони евра.