Валенсија е на чекор од привлекувањето на две засилувања со кои ќе се обиде да се искачи на табелата во вториот дел од сеоната.
Валенсија ќе се засили со Саму Кастиљехо од Милан и Илајш Мориба од Лајпциг.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Трансферот на Кастиљехо е готово сигурен и недостасуваат само детали. Шпанецот не добива минутажа во Милан оваа сезона и има одиграно само 122 минути, па „росонерите“ се спремни да го пуштат на позајмица со право на откуп.
19-годишниот Мориба исто така не може да се избори за поголема минутажа во Лајпциг, каде пристигна од Барселона.
Репрезентативецот на Гвинеја исто така треба да се пресели во Валенсија на позајмица, но без право на откуп.