Дома Видео Валенсија против Барселона во финалето на Кралскиот куп

Валенсија против Барселона во финалето на Кралскиот куп

После 2:2 на гости, Валенсија синоќа на својата Местаља во реванш натпреварот од полуфиналето на Кралскиот куп со минимални 1:0 го совлада Бетис и го потврди пласманот во финалето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Валенсија првенствено се базираше на чување резултат, но не пропушташе да ја искористи секоја прилика “поклон“ на одбраната на Бетис.

Во првиот дел не беше видено многу шанси, па на одмор се замина со резултат 0:0.

Бетис во продолжение се обидуваше стрпливо да ги гради своите напади, но до погодок стигна Валенсија.

Се играше 56. минута кога Гамиеро прекрасно асистираше до Родриго, кој погоди за 1:0.

Гостите и после прмениот погодок не се откажаа од својот план на игра, но тоа не им донесе резултат и на крајот остана 1:0.

Добра шанса за гол Бетис имаше во финишот преку Каналес и Лорен, но мрежата на Валенсија остана мирна. Лорен беше непрецизен, додека шутот на Каналес одлично го одбрани голманот на домашниот тим.

Така Валенсија без поголеми проблеми го осигура пласманот во финалето на Кралскиот куп, каде ќе ги одмери силите со Барселона, која со вкупни 4:1 во полуфиналето го елиминира Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Алонсо постави еден услов: Управата на Челси прифати нешто што досега никој не го добил!

Преговорите на Челси со Чаби Алонсо напредуваат и шпанскиот стручњак има силна поддршка од…