Дома Фудбал Валверде: Треба да внимаваме со Меси!

Валверде: Треба да внимаваме со Меси!

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде не откри дали Лионел Меси ќе биде спремен за настап на утрешниот меч против Севиља.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меси ги пропушти двата натпревари на аргентинската репрезентација против Италија и Шпанија.

„Меси има мали болки и треба да внимаваме. Таквата болка може да се претвори во кинење на мускулот и тогаш работите ќе се искомплицираат“, изјави Валверде, а потоа одговори како се чувствува Меси после поразот од 6:1.

„Добар е, спокоен. Вчера разговаравме, сите сакаат да победуваат, но од психичка гледна точка Лео е во перфектна состојба“.

Иако Валверде не сакаше да открие дали Меси ќе настапи против Севиља, сепак медиумите тврдат дека Аргентинецот мечот ќе го почне од клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хит сцена: Ова е најдобриот јавен превоз за време на Мундијалот (Видео)

” Мексико се истакнува со извонредни резултати на почетокот на Мундијалот, со две по…