Ернесто Валверде се појави со променет имиџ на фудаблскиот интернационален самит во Билбао каде му беше врачена награда на „Сан Мамеш“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Валверде меѓу другото ги изненади сите со изјавата каде би сакал да работи и истакна дека преферира преселба во Австралија отколку во Премиер лигата.
„Ме прашуваат „Што мислите за Премиер лигата?“ Јас велам, „Всушност, би ја претпочитал Австралија“. Фудбалската кариера не трае вечно, а понекогаш размислувате да ја искористите можноста да живеете на непознати места“, изјави Валверде.
„Јас претпочитам да правам чудни работи и да истражувам нови земји. Се сеќавам кога Иниеста ми кажа дека се сели во Јапонија, и тоа би бил добар избор за во иднина“, додаде 56-годишниот стратег.
Шпанецот беше отпуштен во јануари и го замени Кике Сетиен. За 2,5 години, Валверде ги доведе Каталонците до две титули во шпанската лига.