Дома Фудбал Лига на шампиони Валверде: Меси е уникат во фудбалската историја!

Валверде: Меси е уникат во фудбалската историја!

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде не ја пропушти можноста да го искаже своето воодушевување од Лионел Меси.

Иако лекарите го советуваа да не игра на мечот против Севиља, Меси влезе во игра и го постигна израмнувачкиот гол за 2:2.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Меси е уникатен во светот, уникатен во историјата на фудбалот“, изјави Валверде, а потоа зборуваше за утрешниот меч против Рома.

„Ако следевте како игра Рома во групната фаза, ќе видите дека не е изненадување што се пласираа во оваа фаза. Рома е солиден противник со добар напад и солидна одбрана. Тоа што сме фаворите не значи ништо. Не мислам дека се ќе биде решено уште во првиот меч. Се надевам дека фановите ќе ни дадат поддршка како против Челзи“, истакна Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Јувентус го освои италијанскиот Куп

Јувентус го освои трофејот во италијанскиот Куп, откако во финалето ја победи Аталанта со …