Шпанскиот Суперкуп оваа година се игра во нов формат и тоа во Саудиска Арабија.
На турнирот учествуваат четири клуба, па Барселона денес ќе ги одмери силите со Атлетико Мадрид за пласман во финалето, каде веќе се пласира Реал Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во корпоративниот свет во кој живееме, фудбалот не е имун на парите, па Валверде искрено потврди дека единствен мотив на ваквиот турнир во Арабија се само парите.
„Ова е целосно различен формат на натпреварување во однос на тоа што го имавме претходно, на тоа што сме се навикнале, секако ќе добива критика сево ова, меѓутоа форматот е интересен. Меѓутоа, гледано од спортски аспект, едноставно не сум сигурен“.
„Фудбалот во денешно време е бизнис, а како бизнис основна цел се парите, токму тоа е причината зошто ние сме тука“, истакна Валверде.