Дома Фудбал Останато Валверде за првпат се огласи по отказот во Барселона

Валверде за првпат се огласи по отказот во Барселона

Eрнесто Валверде за првпат се појави во јавноста по отказот во Барселона.

Валверде беше дел од самитот кој се одржа на „Сан Мамес“ во Билбао. Поранешниот стратег на Барселона не можеше да ги избегне прашањата за неговиот отказ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тоа што имав прилика да ја тренирам Барселона нема никогаш да го заборавам. Знам што значи да тренирате ваков тим. Кога доаѓате во Барселона, доаѓате знаејќи дека резултатите ќе ја диктираат вашата работа и дека ако не оди вие ќе бидете одговорниот. По Барселона донесов одлука да направам пауза, сакам да правам чудни одлуки, сакам чудна авантура. Кога Иниеста можеше да отиде да игра во Јапонија можам и јас да направам нешто слично“, изјави Валверде, а потоа беше запрашан за поразите во Рим и Ливерпул во Лигата на шампионите.

„За мене тие порази се сосема различни. Во Рим во нту еден момент не бевме во натпреварот, додека во Ливерпул беше поинаку, кога почнавме да играме примивме гол. Во фудбалот, а посебно во натпреварување какво што е Лигата на шампионите одлучуваат деталите“, изјави Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…