Фудбалерите на Барселона утре вечер го пречекуваат Челзи во реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Да потсетиме првиот натпревар заврши со резултат 1:1.
Ернесто Валверде, тренерот на Барселона на конференцијата за новинари зборуваше за реваншот на „Ноу Камп“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Мораме да бидеме внимателни, детали би можеле да го одлучат натпреварот, но сакаме да го покажеме вистинското лице. Игравме важни и напнати натпревари, а таков ќе биде и утрешниот“, изјави Валверде кој е свесен дека му 0:0 е поволен резултат, но најави дека Барса ќе игра онака како што знае – напаѓачки.
Потоа новинарот го запраша Валверде за Андре Гомеш кој во текот на вчерашниот ден призна дека е несреќен во Каталонија.
„Навистина, Гомеш беше храбар кога сето тоа јавно го призна. Но тоа не е ништо ново, сите сме поминале низ таква ситуација. Фудбалерите се соочуваат со вакви ситуации, но мораат да гледаат напред и да ги надминат проблемите“, истакна Валверде.