Дома Фудбал Валверде: Апсурдно е што во Примера се уште нема видеотехнологија

Валверде: Апсурдно е што во Примера се уште нема видеотехнологија

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде после победата над Депортиво изјави дека не го видел добро моментот кога му беше поништен голот на Луис Суарез.

Во 45-та минута од натпреварот Суарез ја испрати топката во голот, таа ја помина гол линијата, но судијата не покажа на центарот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Валверде после натпреварот коментираше дека е апсурдно што се уште во Примера нема видеотехнологија.

„Не го видов тој момент, но со помош на видеотехнологијата ќе дознаеме дали топката ја помина гол линијата или не. Не знам зошто во Шпанија се уште не се употребува видеотехнологија, тоа е апсурдно. Барселона е за воведување на ВАР и тоа е очигледно“, изјави Валверде.

Веќе и официјално е одлучено дека ВАР технологијата од следната сезона ќе се употребува и во Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …