Дома Фудбал Англија Ваква поделба во Премиер лигата не се памети: „Војна“ на клубовите кои го поддржуваат Сити и кои се против!

Ваква поделба во Премиер лигата не се памети: „Војна“ на клубовите кои го поддржуваат Сити и кои се против!

Во последните месеци во Премиер лигата се случува поделба на клубовите каква што досега не е видена, а причина е „судењето на векот“ закажано за на есен кога на суд ќе се најде Манчестер Сити.

Повеќекратниот шампион на Англија во текот на есент ќе мора да излезе пред суд поради наводно кршење на финансискиот фер-плеј. Против „граѓаните“ се отворени дури 115 обвиненија.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сити пред неколу дена одлучи да ја тужи Премиер лигата поради новите правила кои се воведени во декември 20221 година и ревидирани во 2024 година. Клубот го оспорува правилото на лигата за трансакции поврзани со странки, тврдејќи дека тоа е во спротивно од законот.

Така Сити им покажа „заби“ на челниците на Премиер лигата сметајќи дека се работел во согланост со законот. Но, тоа не е се. Денес во англиските медиуми се појави информација дека истото ќе го направи и Астон Вила која од почетокот на процесот е со Манчестер Сити бидејќи е на листата на клубови кои се под истрага.

Покрај Астон Вила и Сити, под истрага се уште Челси и Њукасл. Тие ќе сведочат во корист на Манчестер Сити во најновниот случај против Премиер лигата.

Англиските медиуми сега откриваат дел од клубови ќе сведочат „против“ Манчестер Сити. Станува збор за 13 клубови, но имињата на сите не се откриени. Против Манчестер Сити ќе сведочат: Арсенал, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Фулам, Вулверхемптон и Брајтон. Статусот на Ливерпул се уште не е познат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер јунајтед доби „корпа“: Ливерпул бесплатно ќе се засили со голема ѕвезда!?

Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен е при крајот на неговиот договор и за неколку недели може д…