Дома Фудбал Ваква кражба на време не сте виделе: Ситуација од Англија стана вирален хит! 🎥

Ваква кражба на време не сте виделе: Ситуација од Англија стана вирален хит! 🎥

Бизарна ситуација ни пристигнува од Англија од пониските рангови.

Фудбалерите на Јорк Сити славеа во Националната лига на Англија (5-ти ранг) против Дагехам и Редбриџ со 2:1. Во самата завршница на овој натпревар видовме ситуација каква што веројатно претходно никогаш не се случила во фудбалот.

Често пати е случај тимот кој има предност да „краде“ време, но на ваков начин не се случило.

Јорк доби слободен удар при водство од 2:1 во осмата минутао д судиското продолжение. Топката ја зема Даниел Бати и место да ја додаде до некој играч да ја задржи со сета сила ја шутна надвор од стадионот за да добијат на време.

Неговиот потег беше изненадување за бројни фанови, а набрзо стана хит на друштвените мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се прости од Питер Стори: Почина поранешниот дефанзивец со 501 настап

Питер Стори почина на 81-годишна возраст. Поранешниот дефанзивец мина 12 години во Арсенал…