Дома Македонски спорт Важна информација за дуелот Македонија – Чешка

Важна информација за дуелот Македонија – Чешка

Македонската репрезентација утре ќе го игра бараж натпреварот против селекцијата на Чешка, после ремито во Злин нашата селекција има добра можност со победа дома да обезбеди нов настап на едно Светско првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интересот за овој натпревар беше голем и влезниците кои беа пуштени во продажба се распродадоа за само пет часа. Сега од Ракометната федерација на Македонија соопштија информација за сите што ќе присуствуваат на овој натпревар.

„Ве известуваме дека влезниците за квалификацискиот натпревар (17.04.2022 – недела) во 19 ч. во Спортски Центар Борис Трајковски, за пласман на СП 2023 POL/SWE помеѓу македонската сениорска репрезентација и репрезентацијата на Чешка се распродадени и воедно Ви благодариме на интересот и подршката.

Бидете информирани на денот на натпреварот вратите од Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени од 17:30 до 18:35 часот, натпреварот започнува во 19:00 часот.

и замолуваме сите љубители на ракометот кои имаат обезбедено влезници за претстојниот натпревар, да дојдат навремено и заеднички да дадеме максимална поддршка на македонската ракометна репрезентација“, информираат од РФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Капитенот останува во Битола: Кузмановски го продолжи договорот со Пелистер

Филип Кузмановски ќе остане дел од Пелистер и во наредната сезона, откако постигна договор…